СДСМ: Со ДПМНЕ безбедносната состојба во земјата се влошува

Од:

Се влошува безбедносната состојба во Македонија. Само 2 месеци откако ДПМНЕ и Тошковки ја преземаа одговорноста на улиците владее хаос.

Во само два месеца, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила, а денеска и пукање.

ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Загрозувањето на иднината на граѓаните ќе доведе до нови ризици, налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога стравувавме од секојдневни тепачки во градските автобуси, поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и кога МВР беше ставена во целосна услуга на Белата палата.

ДПМНЕ е единствено способна сѐ досега вложено за европска перспектива на државата, да го сруши за миг.

Граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски