СДСМ: Со денови молк во провладината „Република” за милионските приходи

Од:

„На кој начин провладината „Република“ се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра? Со денови молк, нема одговори.

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Зошто и „Република“, како и „Курир“, молчи за милионските приходи?

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

“Република” и останатите медиумски курири на уредникот Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Jавноста со денови очекува одговори како „Република“ се стекнала со милионските приходи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски