СДСМ: Со членство во ЕУ целосно се затвора македонското прашање

Од:

Така нареченото „македонско прашање“ кое со векови одредени сили сакаат да го држат отворено заради нивни интереси целосно се затвора со нашето членство во ЕУ, порача денеска на маалска средба со жителите на општина Росоман генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.

-Многу долг и трнлив пат сме изоделе и сите премрежја сме успеале да ги надминеме. Сега имаме историска шанса, да обезбедиме европска иднина за сите граѓани, подобар животен стандард и за навек да ги затвориме сите национални и идентитетски прашања. Затоа што со членството во ЕУ, целосно се затвора македонското прашање. Стануваме рамноправен партнер на големата маса, рамо до рамо со големите европски држави. Треба да се обединиме, да бидеме мудри, да го ставиме државниот и национален интерес над се и да донесеме одлука, да дадеме глас за Европа. Изборот е интеграција или изолација, рече Зечевиќ.

На маалеска средба во рамки на теренските активности „Радмо до рамо, до победа“ генералниот секретар зборуваше за придобивките од членството во ЕУ за граѓаните, земјоделците и младите.

-Членство во ЕУ значи пристап за македонските земјоделци до пазар од над 400 милиони жители, без какви било пречки или бариери. Значи пристап и до нови и поголеми земјоделски фондови, различна финансиска помош за поголемо производство. За младите значи шанса за подобро образование, добри плати и работа по европски стандарди дома, рече Зечевиќ.

Претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, пред жителите на Росоман зборуваше за инвестициите на СДСМ во инфраструктурата.

– Голем инвестициски циклус е во тек. Во овој регион активно веќе се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, и Дреново-Фариш, се реконструираше делницата кај Плетвар а започна и реализација на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола. Продолжуваме да инвестираме во квалитетна инфраструктура, рече Трајчулескии.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема