СДСМ: Случувањата во Собранието потврдија дека Груевски стои зад обидите за блокадата на Собранието, а Мицкоски е само негова марионета

Од:

„Случувањата во Собранието на Република Македонија потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија.

Истовремено, тоа е потврда дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието.

Осомничетиот Груевски кој 11 години преку политиките на криминал, насилство, омрази и поделби ја уништуваше Македонија, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Со таквото однесување, Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ кон пропаст.

Никола Груевски го чека соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 11 години и од тоа не може да избега со провидни обиди за создавање тензии, поделби и конфликти.

Македонија тргна напред како едно општество за сите и Никола Груевски не може тоа да го спречи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски