СДСМ: Случајот со Атанасовски покажува како ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребувала институциите

Од:

„Продолжува лицемерието на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку кое се обидуваат да ги потценат граѓаните.

Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ е симбол на злоупотреби на институциите и на системско прекршување на човековите права преку масовното нелегално прислушување.

Новите признанија во процесот за 27 април покажуваат како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ управувале со безбедносните служби и како ги злоупотребувале во лични и партиски цели.

Таквата криминална и антидржавна матрица во ВМРО-ДПМНЕ е присутна и денес. Токму поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој неколку обвинети лица го посочија како еден од организаторите на насилствата од 27 април, денес, според информации во медиумите е советник на Мицкоски.

Со тоа, се потврдува зошто Мицкоски бара целосна амнестија, се потврдува дека протестите што тој ги организира се единствено обид за амнестија на неговите соработници.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажната загриженост. Започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година.

Нема да изненади доколку лицемерното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое денес бара одговорност за овој случај, во иднина повторно бара амнестија за лицата кои биле вмешани во прислушувањето на Јавното обвинителство.

Сите за кои ќе се докаже дека биле вмешани во овој случај ќе одговараат за нивните постапки“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни