СДСМ: Слободни медиуми за слободна Македонија

Од:

„Уредникот Никола Груевски во изминатите 10 години ја задуши слободата на медиумите во Македонија.

Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.

Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија. Комисијата забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МРТВ.

Груевски најголем проблем има со слободата и со вистината.

Чекор за враќање на слободата на изразување е обезбедување и гарантирање на слободата во медиумите.

Јавноста мора да има пристап до објективно и точно известување, особено од јавниот радиодифузен сервис. Почитување на  професионалните и етички  стандарди за информирање на граѓаните  а не диксредитација и напади врз критичките, професионалн новинари и медиуми.

Објективно и точно известување со загарнтирана слобода на говор наместо нарачани вести, лаги и манипулации.

Транспарентност, отчетност и работа за интересите на граѓаните наместо „про форма“ сопственици и уредници со уредувачката политика во рацете на некој друг.

Таков е примерот со медиумите на Груевски, познатите медиумски курири и интеренет портали, каде што не може да се најде вистинскиот сопственик но граѓаните го знаат уредникот, Никола Груевски.

Враќањето на слободата е незапирлив процес. Граѓаните имаат право на слобода на избор, имаат право на слобода на мисла, на слобода на говор.

Граѓаните сакаат да живеат во Македонија со европски вредности. Доаѓа слободна и Европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион