„Данела Арсовска продолжува да ја манипулира јавноста дека имало достапни средства од европски фондови за набавка на 250 еко автобуси, кои може да чинат и до милијарда евра. Па, има ли некој што ќе и поверува на Арсовска дека ВЕДНАШ ќе обезбедела решение за бесплатен јавен превоз на Скопјани – кога таа нема ни буџет, ни проект, а допрва планира да аплицира за европски средства кои ги добиваат само земји членки на ЕУ“, реагира СДСМ Скопје на изјавите на прес-конфереренција на Данела Арсоваска.
„Данела Арсовска ја манипулира јавноста дека може да се воведе бесплатен превоз со 250 автобуси ако се рационализираат трошоците на ЈСП. Скопјани знаат дека нема бесплатен превоз, како што нема ни бесплатен ручек. Превозот се плаќа од буџетот на Град Скопје, а Данела одбива по стоти пат да каже колку ќе ги чини сите скопјани нејзината утописка идеја за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси.
Данела Арсовска покажува дека не е никаква менаџерка, дека нема никаков конкретен проект за јавниот градски превоз, и дека не го разбира буџетот на Град Скопје.
На Скопје не му треба лажна менаџерка која нема конкретни проекти туку утописки ветувања и лажно се претставува како независен кандидат со кампања дебело финансирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопјани нема да наседнат на лажните ветувања, скопјани на 17 октомври уште еднаш ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ за тоа што го уништи модерно Скопје со криминалниот проект „Скопје 2014“ и што постојано се обидува да ги манипулира и лаже граѓаните на главниот град“, се вели во реакцијата на СДСМ Скопје за изјавите на прес-конфереренција на Данела Арсоваска.