СДСМ: Скопје е пред банкрот, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да одговори каде се парите?

Од:

„Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ по само една и пол година успеа да го доведе Град Скопје пред банкрот. Секогаш кога оваа партија ќе дојде до власт и до парите на граѓаните, на Скопје му се случува катастрофа“, велат од СДСМ.

„Во јавноста веќе има информации дека Град Скопје е со блокирана сметка, иако при доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска наследија полна каса, со плус 13 милиони евра на сметка, со годишен буџет од над 100 милиони евра.

Потрошија 100 милиони евра, а не изградија ништо, не реализираа ниту еден еден проект, не ги довршија ниту започнатите проекти.

Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска и од ВМРО-ДПМНЕ, каде се парите, каде завршија толку народни пари, дали тоа има врска со рацете во медот, со расипничко трошење на парите на народот?

Затоа Светничката група на СДСМ и коалицијата ќе побара свикување на итна седница на Советот на Град Скопје со единствена точка на дневен ред расправа за актуелната финансиска состојба во Градот“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема