„Почесната конзулка на Унгарија Данела Арсовска, чија кампања е финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, денес одржа прес-конференција на местото на злосторството на ВМРО-ДПМНЕ – пред истата библиотека каде што специјалците на режимот на Никола Груевски влегоа ноќта на 5-ти мај 2015-та за да тепаат студенти.
Таа вечер жртви на полициска бруталност на режимот не беа само граѓаните кои протестираа поради полициска бруталност, туку пендреците на Никола Груевски брутално нападна студенти кои подготвуваа испити во библиотеката“, соопшти СДСМ Скопје.
„Вечерта во библиотеката „Браќа Миладиновци“, „желките“ од ЕБР влегоа во читалната и тепаа студенти со образложение дека „насилните“ учесници во протестите се кријат таму и дека „никој не спрема испит после 11 часот навечер“.
Никој не одговараше за насилниот упад на полицијата во библиотеката – ниту за преплашувањето и повредувањето на дел од студентите, ниту за оштетувањето на инвентарот, ниту за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата на протестот на 5-ти мај 2015 година.
Истата 2015 година кога режимот на Груевски тепаше студенти, Арсовска одржуваше настани во партискиот музеј на ВМРО и беше дел од делегацијата на Груевски на бизнис форум во Кина, а „пастирот“ тврдеше дека во тек се разговори со кинеската Влада и коморите за можност да се отвори ексклузивна кинеска индустриска зона во Македонија.
На ветувањата на Арсовска од местото на злосторот каде што режимот на Груевски тепаше недолжни студенти во библиотека, може да им се верува исто како и на ветувањата на Груевски за ексклузивна кинеска индустриска зона во Македонија, за која наводно преговарала Арсовска“, се додава во соопштението на СДСМ Скопје.