СДСМ Скопје: Арсовска како Груевски, ветуваше милијарди инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој

Од:

„Со своите нереални ветувања, Данела Арсовска почнува да наликува на Никола Груевски кога предизборно ветуваше 8 милијарди евра инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој.Ветувањата на Арсовска за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси, мега-парковите, а сега и иновативен парк, наликуваат на ветувањата на Субрата Рој дека ќе донесе 20.000 крави во Џумајлија, дека ќе направи „Лас Вегас“ во Љубаништа и дека ќе донира милионски споменик на „Мајка Тереза“ во Скопје“, реагира СДСМ Скопје на прес-конференцијата на Данела Арсовска.

„Од сето тоа не видовме ништо, освен еден кич „мировен фестивал“ на кој Никола Груевски и Субрата Рој го промовираа барокното „Скопје 2014“. Скопјани многу добро ги знаат иновации на ВМРО-ДПМНЕ: пиратските галии, жалните врби и прскалките во Вардар, палмите, градските плажи на Коце и стотиците милиони евра инвестирани во бетонски парк од споменици, кој Арсовска вети дека редовно ќе го одржувала.

Наместо да ја замајува јавноста со нови имагинарни паркови, Арсовска и должи одговор на јавноста колку чини еден кинески електричен автобус како тој што го објави на нејзината страница. Дали Арсовска упорно избегнува да одговори затоа што електричниот автобус од 18 метри чини околу 800 илјади евра, а 250 такви автобуси околу 200 милиони евра? Зошто Арсовска продолжува да ја манипулира јавноста дека толку пари за прескапи кинески автобуси може да се обезбедат ВЕДНАШ од европски фондови?

Наместо да даде одговори на новинарски прашања за тоа колку ќе ги чинат скопјани нејзините „проекти“, Арсовска со манирите на Мартин Протуѓер и Илија Димовски секојдневно им држи лекции на новинари што да прашуваат и кои теми да ги работат.

Скопјани веќе не наседнуваат на нереални ветувања, утописки проекти и не сакаат враќање во мрачното тоталитарно минато кога политичарите од ВМРО-ДПМНЕ не одговараа пред јавноста и бегаа од дебати.

Арсовска ќе биде казнета на 17 октомври од скопјани поради потценување на нивната интелигенција, бегањето од дебати и избегнувањето да даде одговор за лесните ветувања, такви какви што ги даваше Субрата Рој“, се вели во реакцијата на СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска