СДСМ: „Скопје 2014“ досега проголта над 580 милиони евра народни пари, а сеуште не е завршен

Од:

„Криминалите со градежните парцели на Водно и уривањето станбени објекти во Гази Баба само го откриваат вистинското лице на режимот за злоупотребите и селективната примена на законските прописи и Уставот. Ова е една од констатациите на средбата на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ со советниците од скопските општини, во рамки на редовните активности.

Централна тема на средбата беа начините за обезбедување поквалитетен живот за граѓаните на Скопје и општините преку интензивна соработка на советниците и граѓаните којашто ќе резултира со заедничко детектирање на конкретните проблеми и изнаоѓање ефикасни решенија“, соопштуваат од СДСМ.

IMG_0447

„Како болна точка не само за скопјани, туку за сите граѓани на државата, беше посочен проектот Скопје 2014 којшто досега проголта над 580 милиони евра народни пари, а сеуште не е завршен. Во 2015 година, преку градот Скопје, за проектот Скопје 2014 ќе се потрошат дополнителни над 46 милиони евра.

Се трошат 18 милиони евра за Панорамско тркало додека скопјани се гушат поради презагаденоста на воздухот“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

IMG_0388

„Власта троши 10 милиони евра за барокна зграда на Ј.П Водовод и канализација, додека сеуште има делови на градот што не се поврзани со централниот водовод, сеуште се користат старите азбестни цевки, сеуште нема пречистителни станици за вода.

Проблем на граѓаните на Скопје останува обезбедувањето енергетска ефикасност, сообраќајниот метеж, катастрофалната инфрструктура посебно во приградските населби.

Кога непродуктивните трошења би се насочиле кон реалните потреби, граѓаните на Скопје би живееле поквалитетно и подостоинствено.

Комисијата за локална самоуправа ќе продолжи со ваквиот вид средби со советниците, а и со граѓаните, со цел утврдување соодветни решенија за надминување на напластените проблеми“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он