СДСМ: Скопјани страдаат заради нереализирани бизнис зделки меѓу Арсовска и Мицкоски

Од:

Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема управувањето со Град Скопје, градот буквално се распаѓа. Нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град заради пропаднатите бизнис зделки меѓу Мицкоски и Данела Арсовска. Последната несреќа со неисправен автобус на ЈСП само потврдува во каква ужасна состојба е градот и претпријатието, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега ни малку, се вели во партиската реакција на СДСМ.

– Да биде иронијата уште поголема, во моментов нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обвинува, дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат набавката на нови автобуси за градот. Има ли поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се? Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес во набавката. Како што му тргнало на Мицкоски со виртуелните инвестиции, се надеваме дека ќе најави и нови 250 автобуси кои ќе ги донесе од посетата на САД, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ