СДСМ: Скопјани се задолжуваат со 7 милиони и 300 илјади евра за луксузна зграда на Водовод

Од:

„Зградата на Водовод во Скопје ќе чини над 11 милиони евра. Од нив 7 милиони и 300 илјади евра се кредит со којшто се задолжуваат скопјани.

1 метар квадратен во оваа зграда, чини повеќе од 2 илјади евра!

Ова луксузирање се случува во услови кога голем дел од жителите немаат елементарни услови за живот, пристап од централниот водоводен систем. Кога главниот град, во 21-от век, се соочува со епидемија на жолтица. Кога дел од населбите, воопшто немаат атмосферска канализација, што во дождливиот период, како што признаа самите институции раководени од ВМРО-ДПМНЕ, предизвика излевање на фекалните води.

Ако раководството на Ј.П. Водовод мисли на граѓаните, ќе го поддржи предлогот на СДСМ за пренамена на дел од средствата за луксузната зграда, за изградба на водоводот во општината Шуто Оризари, наместо да ги поддржува луксузирањата на Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на Ј.П Водовод и канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО