СДСМ: СКАНДАЛ, власта подготвува изборен фалсификат во Ресен

Од:

СДСМ тврди дека власта подготвува изборен фалсификат во Ресен и дека власта не сака да се откаже од намерите да манипулира со волјата на гласачите.

Власта, велат,  работи на промена на структурата на гласачи со масовно одобрување живеалишта на соодветни адреси и издавање нови лични карти, до партијата  пристигнале документи и фотографии за ваква пракса во Ресен.

Во овие манипулации, вели СДСМ,  учествуваат нотари и државни службеници.

Основна цел на оваа операција на власта, спред опозициската партија, би можела да е- создавање на нови доселени гласачи кои за одредени договорени бенефиции ќе треба да гласаат за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ.

Андреј Петров покажа документи и фотографии кои покажуваат како поголеми групи лица, распоредени во неколку дена, најпрво на еден ист нотар заверуваат договори за наем на стан.

„Овие договори се однесуваат на повеќе лица, на кои становите, цитирам „им се издаваат“ бесплатно, без надомест. Замислете, договор за бесплатно издавање на стан! И тоа не на едно туку на седум лица!Вака заверените договори, понатаму, организирано се носат во подрачната служба на Министерството за правда каде се поднесуваат барања за издавање нови лични карти, со што ќе се создадат предусловите новите гласачи да бидат впишани во Избирачкиот список.Новите жители без разлика дали се работи за Македонци од Мала Преспа или од други места, за возврат би добиле здравствено осигурување, социјална помош или друг тип паричен надомест.Ова е огромен скандал ! Ваква иста режимска матрица на штанцање нови доселени гласачи можевме да ја видиме во Србија за времето на Милошевиќ. Затоа, со право јавно ја отвораме дилемата, дали ова е една од причините поради кои ВМРО ДПМНЕ не сака да ги прифати препораките на ОБСЕ, ОДИХР и Европската комисија “, праша Петров

Праша и во колку други општини власта го спроведува истото сценарио?

„Ако владејачкото мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ го одбие нашиот предлог за вклучување на препораките на ОБСЕ, ОДИХР и Европската комисија во Изборниот Закон, тогаш ќе стане сосема јасно дека власта не сака да излезе на соочување на слободни, фер и демократски избори.Никој не може да ја фалсификува волјата на гласачите. Затоа го повикуваме Јавниот Обвинител да ги преземе сите неопходни мерки за спречување на оваа манипулација“, рече Петров.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

(ВИДЕО) Кузеска: Се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата