СДСМ: Сите се борат против коронавирусот само Мицкоски шири лаги од белиот дворец

Од:

Во време на глобална криза, додека сите институции се борат да го заштитат здравјето на граѓаните, Христијан Мицкоски, синхронизиран со неговиот шеф Груевски, се обидува да шири неоснована паника, политички да профитираат врз грбот на граѓаните.

Мицкоски не може да успее затоа што е одамна прочитана приказна на невистини и неспособност.

Денеска Христијан Мицкоски требаше да се откаже јавно од парите на народот, коишто неговата ВМРО-ДПМНЕ преку Буџетот ги добива од граѓаните.

Денеска Мицкоски требаше да им го честита на граѓаните историскиот успех на државата, членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Очигледно, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата деструктивна партија која во клучни моменти за државата, за граѓаните, нема никаков предлог, нема став и секогаш е на спротивната страна.

Мицкоски нема ниту знаење ниту кредибилитет да зборува за економија.

Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски работеше против напредокот, против ЕУ и НАТО па дури и покачувањето на пензиите и минималната плата. Неговите пратеници ги блокираа собраниските комисии и правеа се да не се покачат платите и пензиите. Но, не успеаа.

Самиот Мицкоски, како директор на ЕЛЕМ, ја покачи струјата за граѓаните за 100%.

Затоа буџетска криза пред коронавирусот имавме кога тој, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа 11 години власт.

Економијата од -1.8% во време на ВМРО-ДПМНЕ за само две и пол години, со вистински економски политики достигна раст од +3.6% во време на СДСМ.

Сега економијата е подготвена да се справи со економските последици од оваа глобална пандемија. Државата институциите преземаат се што е потребно да се заштитат граѓаните.

Пакетот мерки кои ги предложи СДСМ и претседателот Заев, вредни 200 милиони евра, се издржани, на здрава основа, за помош на граѓаните, на работниците, на стопанството, да ги сочуваме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.

Во духот на солидарноста, товарот да го понесеме сите, за кризата да трае пократко а последиците да бидат помали.

Очигледно Мицкоски пати за внимание, затоа шири невистини кои немаат врска со реалноста.

Денеска има состанок Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Спасовски, да имаше Мицкоски некакви мерки за да предложи, ете му ги дополнителната министерката од ВМРО-ДПМНЕ, Кочовска и Трајко Славевски ќе ги предложеа.

Ова е време кога е потребна солидарност и меѓусебно помагање, вредности кои и во ваква криза остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

СДСМ покажа дека може да се справува со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик, здравствен и економски. За нас секој човек е важен, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС, шансата да ја вратиме на народот е на 24 април, а потоа и 8 мај, да ја направиме Македонија повторно горда и твоја

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим, по 8 мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари