СДСМ: Сите пратеници да ги поддржат уставните измени

Од:

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот Христијан Мицкоски не знае ниту што зборува, ниту што прави, секој ден различни изјави, ставови, во целосна конфузија, велат од СДСМ.

„Александар Николоски, кој воедно е и потпретседател на антизападното ВМРО-ДПМНЕ призна дека тој, антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на оваа партија со месеци свесно ги лажеле граѓаните.Договорот од Преспа го зајакнува и заштитува идентитетот и се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО, што значи реализација на стратешкиот интерес на Македонија.

Подобар договор не може да има и ваква шанса нема да се повтори. Ова, е силна причина сите пратеници, особено останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да ја напуштат криминалната матрица на Груевски и Мицкоски и да се вклучат во започнатиот процес во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО.

Сега, кога текстот на амандамите на Уставот се подготвени и јавно достапни, сите пратеници, и оние од ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги поддржат, да покажат одговорност пред граѓаните и заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО“ се додава во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат