СДСМ: Сите пратеници да дадат поддршка на уставни измени за да се забрза процесот на интеграција во ЕУ

Од:

Денеска во македонското Собрание започнува процедурата за предлог измените на Уставот. Во предложените уставни измени јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ, велат од СДСМ.

„Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ. Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание. Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години. Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, туку низ отворена, аргументирана дебата, измените на Уставот да бидат усвоени. Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски