А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Сите институции се вклучени во Планот за чист воздух

by А1он28/11/2018 - 09:47101
Share0

„Заглавена во криминал ВМРО-ДПМНЕ 11 години не презеде ништо околу загадениот воздух, сега сите институции се вклучени во системско решавање на комплексниот проблем.

Следете a1on на Instagram Instagram

Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, Град Скопје, единиците на локалната самоуправа и сите останати надлежни институции стратешки и системски се вклучени во Планот за чист воздух.

После 11 години игнорирање на проблемот од страна на криминалната ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во стратешките приоритети во програмата на една влада е определена Програма за намалување на аерозагадувањето.

Ставањето крај на долгогодишниот, наследенпроблем со загадувањето на воздухот може да се направи само на овој начин, преку системски и континуирани мерки.

Следете a1on на Youtube YouTube

Јасно е дека Владата и сите институции се зафатија со решавање на овој проблем. Од Буџетот за 2019 се обезбедени нови 1.5 милиони евра, дополнителни средства, покрај веќе постоечките буџети во надлежните министерства.

Во таа насока, Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог-Законот за гаранција и презеде обврска да го гарантира заемот на Град Скопје од 10 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со што ќе се обезбедат средства за набавка на еколошки автобуси за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Преку планот за чист воздух започнува замена на типот на загревање во објектите што се загреваат на мазут и нафта, со еколошки извор на загревање. Замената ќе започне со градинките, основните училишта, здравствените установи, а првиот пример наскоро ќе биде студентскиот дом ‘Кузман Јосифовски – Питу’, којшто се наоѓа во центарот на Скопје и сега се загрева на нафта.

Се започна со подигање на зелен појас околу енергетскиот комбинат РЕК Битола. АД ЕЛЕМ ја започна првата фаза од подигањето зелен појас околу РЕК Битола со садење на 50.000 садници на потегот од Брод Гнеотино до Новаци, а за наредната година планирани се две акции за пошумување со по 50.000 садници, со цел до крајот на наредната година околу РЕК Битола да се засадт вкупно 150.000 садници.

На 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да се грат еколошки и да ги заменат печките на дрва, додека во дворовите на градинките ќе бидат засадени 1.700 садници.

Ова се само дел од мерките што секојдневно се преземаат за да се реши долгогодишниот проблем со загадувањето на воздухот“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он12/09/2026 - 12:16

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео