СДСМ: Институциите и партиите да покажат конструктивност

Од:

„Република Македонија мора да оди напред.

Парламентарното мнозинство ги презема сите потребни чекори да се одблокираат демократските прпцеси.

Неопходно за граѓанските и зa државните интереси сите институции и политички претставници да се постават одговорно кон обврската пред граѓаните да ја почитуваат мнозинската волја, согласно Уставот.

Реафирмацијата на Програмата на новата Влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи е покажување одговорност кон своите граѓани и својата држава.

Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси.

Веќе се нанесени штети на граѓаните со тоа што се оставени 5 месеци без нова Влада, а од завчера и без градоначалници и советници.

Повикуваме да престанат деструктивните политики на раздор, сите, влучително и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се постави конструктивно во процесите што следат.

Денешниот 17 мај којшто пред две години испрати порака на заедништво без разлика на каква било припадност и определба е концептот што го избраа граѓаните на изборите и треба да се даде шанса да ја повлече Македонија во развој и евро-атлантски интеграции.

Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

„Сигмоид“ со детали за јавните набавки што ги спомена СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски