СДСМ: Системските проблеми може да ги реши само преодна влада без Груевски

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги поздравува заклучоците на Советот на министрите на ЕУ.

Во заклучоците, Европската унија порачува дека приоритет за Република Македонија е да се решат системските проблеми со владеењето на правото, вклучително и во однос на прекршувањето на основните човекови права, независноста на судството, слободата на медиумите, корупцијата, изборите.

Токму овие системски проблеми и злоупотребите на власта се основа причина за длабоката политичка криза.

Барањето на Европската унија, адресирано во заклучоците, итно да се обезбеди темелна и независна истрага за содржината на објавените аудио материјали, е клучна порака дека ЕУ бара одговорност во врска со сите кривични дела, потврдени од снимките коишто ги објави опозицијата.

Решавањето на системските проблеми, деполитизацијата на државните институции, разграничувањето на партијата од државата, изборните реформи и создавањето услови за фер и демократски избори, прецизно наведени во заклучоците на ЕУ, може да се обезбеди само со преодна Влада без Никола Груевски, којашто ќе ги организира следните избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски