СДСМ: Силната поддршка на граѓаните за Заев го стресе ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Со секој нов ден, поддршката за Зоран Заев и СДСМ е се поголема. Во секој град, во секое село, граѓаните слободно и спонтано излегуваат, затоа што сакаат да ги слушнат мерките што ќе значат промени за подобар живот.
 
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја искриви реалноста, како што тоа го прави изминативе 10 години, благодарение на медиумите под нивна контрола.
 
Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски ги крадел изборите и сега се плаши од соочување со одговорноста.
  
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината. После цели 10 години кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеа со фабриката за шински возила „Колска“ ги оставија работниците без работа,  со месеци се доцни за исплата на платите, фирмата работи со загуби, нема инвестиции во опрема, нема развој…
 
Состојбата во Велешката болница е во катастрофална состојба. Се повеќе пациенти од Велес и околината за основни хируршки зафати се препраќаат во Клиничкиот центар во Скопје. Има недостаток на инсулин и други лекови за дијабетичари.
 
Катастрафалната политика на ВМРО-ДМПНЕ во образованието во ек на зимска сезона ги остави учениците од Велес без греење. ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за Велес. Казната од велешани за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на следните фер и демократски избори“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“