СДСМ: Силна поддршка од САД за европскиот пат, само Мицкоски и Апасиев се против ЕУ

Од:

„Нашата држава добива силна поддршка од најважниот и најголемиот сојузник САД, што беше потврдено и за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски“, велат од СДСМ.

„За нас како држава, особено важна е пораката дека САД силно ќе ја поддржат нашата европска иднина, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ, порака од американскиот државен врв што доаѓа во период кога успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во Собранието за продолжување на преговорите со ЕУ.

И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници, дома, на македонската политичка сцена против ЕУ се само Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствените против влез во ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.

Мицкоски, се натпреварува со Апасиев, чиј што заложник е, како да го закочи патот кон ЕУ, а меѓусебно се натпреваруваат кој поголема штета ќе предизвика на државата и идните генерации.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи и заедно со граѓаните, со сите проевропски сили ќе ги направиме сите потребни реформи, за да продолжиме по европскиот пат“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема