СДСМ: Сиљановска потврди дека не си го познава народот, државата, не ги почитува новинарите и бега од сочување со јавноста

Од:

„Гордана Сиљановска, кандидатката на Христијан Мицкоски призна дека не си ја познава државата, дека не си го познава сопствениот народ од кого денес бара поддршка.

Но уште посериозно е тоа што Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ги почитува медиумите и новинарите и бега од соочување со јавноста.

Со таквото однесување, Сиљановска го следи примерот на осудениот криминалец Никола Груевски кој со години бегаше од дебати и соочувања со јавноста и медиумите.

Сиљановска секојдневно потврдува дека не е достојна за функцијата за која се кандидира.

Кампањата веќе привршува а граѓаните од Сиљановска не видоа ниту еден конкретен одговор ниту едно решение што е во интерес на граѓаните, освен лицемерие, нечесност и неискреност.

Граѓаните го гледаат ваквото однесување на Сиљановска, а пораката ќе и ја пренесат веќе в недела, кога масовно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски што води напред“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“