СДСМ: Сиљановска покажа дека е против концептот на едно општество

Од:

„Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска вчера во Тетово зборуваше против употребата на албанскиот јазик. Само некој час подоцна, Мицкоски во ТВ интервју се обидуваше да ја оправда и им се обраќаше на граѓаните Албанци.

Сиљановска уште еднаш покажа дека е против концептот на едно општество, дека нема намера да биде претседател на сите граѓани, дека нема да обединува, туку ќе ги дели граѓаните.

Со своите ставови, Сиљановска потврдува дека е дел од матрицата на Никола Груевски, матрица на поделби, омраза и конфликти, матрица која со години ја држеше државата во изолација и неизвесност.

Сиљановска сака да биде новиот Ѓорге Иванов, партиски послушник кој ќе работи по насоки од Будимпешта, но граѓаните тоа нема да го дозволат.

Граѓаните нема да дозволат Сиљановска да го урне концептот на едно општество, нема да дозволат Сиљановска, Мицкоски и Груевски повторно да ја вратат земјата во заложништво, во изолација и поделби. Граѓаните ќе го одберат Стево Пендаровски за вистински претседател кој води напред кон развој, напредок и интеграција, Мицкоски и Сиљановска нека се подготват за пораз“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски