СДСМ: Што крие Иванов?

Од:

„Целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата.

Последен доказ за тоа е неговото одбивање на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари.

По ваквиот потег, логично се наметнува прашањето што Иванов крие од граѓаните?

Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери.

Во таа насока, Владата предводена од СДСМ и преку Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење и преку други механизми продолжува со спроведување на заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?