СДСМ Штип: Захариев да објасни зошто не е направена реконструкцијата на водовоната мрежа во населбата Железничка

Од:

„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Штип после години не преземање ништо се сети дека треба да се асфалтираат улиците во градот.

Се најавува асфалтирање на улици но никој не кажува зошто не се реконструира водоводната мрежа којашто се наоѓа под улиците“, рече на прес конференцијата Ленче Рунтева, СДСМ Штип.

„Градоначалникот Захариев најавува асфалтирање на улици во населбата Железничка, но без реконструкција на водоводната мрежа.

Старата водоводна мрежа претставува сериозен проблем за жителите од оваа населба кои секојдневно се жалат на чести дефекти и слаб притисок.

Дефектите и старите цевки може негативно да влијаат на здравјето на граѓаните. Дополнително, асфалтирањето на улиците без неопходната обнова на водоводната мрежа ќе значи постојно оштетување на новиот асфалт при секој дефект, што често се случува.

Градоначалникот Илчо Захариев им вети на граѓаните од Железничка реконструкција на водоводните мрежи. Уште едно лажно ветување на градоначалникот во заминување.

Захариев е должен да им објасни на граѓаните зошто не е направена реконструкцијата на водовоната мрежа во населбата Железничка и главната линија за оваа населба, иако за тоа има планирани средства во Програмата за работа на ЈП Исар.

Во случај на дефект, кој ќе ја надомести штетата за оштетениот асфалт?

Бараме локалната власт да го реши овој горлив проблем на жителите од оваа населба, со којшто би им се обезбедиле нормални услови за живот“, вели Ленче Рунтева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски