(ВИДЕО) СДСМ-ШТИП: Захариев јавно да одговори на прашањата за своето криминално минато

Од:

На само ден пред изборниот молк политичката реторика меѓу двете најголеми партии во Штип почна да се вжештува.

На денешната прес-конференција шефот на изборниот штаб на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Штип, Борче Цеков, побара од кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, пред 41.000 граѓани да му одговори на неколку прашања:

„1. Зa што дел од вработените во аптеката Реплек  во 1995 година поднесоа пријава до полицијата против својот началник Илчо Захариев?

2.Зошто веднаш по пријавата во полицијата началникот на РЕ Аптекарство при Медицинскиот центар во Штип Илчо  Захариев предал во касата на Медицинскиот центар сума од 8.800 марки?

3.Зошто од градската УВР на Штип по испитувањето на овој случај е доставена кривична пријава против Илчо Захариев?

4.Окружниот јавен обвинител на Штип по оваа пријава изјавува дека против Илчо Захариев постои сомневање дека извршил злоупотреба на службената должност, бидејќи во периодот од октомври 1993, 1994 и 1995 година парите од продажбата на лековите во аптеката Реплек не биле уплатени на жиро-сметка, туку директно од касата ги зел Илчо Захариев.

5.Зошто по поднесувањето на кривичната пријава од МВР до Окружното јавно обвинителство  за злоупотреба на службената должност, началникот на РЕ Аптекарство  при Медицинскиот центар во Штип Илчо Захариев е сменет од таа функција?

6.Зошто по налог на Републичкиот санитарен инспектор со седиште во Штип на градската депонија во Штип беа уништени три  преполни трактори  со лекови со изминат рок сместени во аптеките на РЕ Аптекарство. Овие лекови, кои беа донација и хуманитарна помош од Корзика Франција, беа преземени и сместени во аптеките  на РЕ Аптекарство“.

За обвинувањата што денес ги пласираше СДСМ, поврзани со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев, пред 15-ина години пишуваа и македонските  печатените медиуми.

001 002004 006

(Прилог: скенирани страници од весниците.)

М.Р.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?