СДСМ: Штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи кон земјоделците веќе се поправаат, земјоделците ќе бидат ценети и вреднувани

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште во првите денови Владата предводена од СДСМ покажа дека земјоделците се приоритет и им ги исплати субвенциите што доцнеа, со што почна да ги поправа штетите што ВМРО-ДПМНЕ им ги направи на земјоделците во изминатите 11 години.

Субвенциите повеќе нема да се делат по партиска линија, нема да има богатење на лажни земјоделци, ниту пак ќе има закани и уцени кон вистинските земјоделци како што тоа 11 години го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Новата Влада предводена од СДСМ ќе работи на зголемување на животниот стандард на земјоделците како и на сите останати граѓани, а тоа ќе значи дека трудот што го вложуваат земјоделците ќе биде ценет и вреднуван, а ќе има и дополнителни државни бенефиции кои ќе значат подобрување на статусот и условите за работа на земјоделците“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции