СДСМ: Штама во „Република“ за приходите од 1,1 милион евра

Од:

„Штама во „Република” за приходите од над 1.1 милион евра. Со недели молк, нема одговори за начинот на финансирање на овој провладин медиум.

„Република” и останатите медиумски курири на уредникот во заминување Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.

Зошто и „Република“, како и „Курир“, молчи за милионските приходи?

Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Како им успева на медиумите што ги уредува Никола Груевски да се стекнат со милионски приходи?

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Jавноста очекува одговори како „Република“ се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он