СДСМ: Секој втор млад човек сака да замине од Македонија

Од:

„Поради погрешните политики на Никола Груевски во изминатите 10 години младите масовно се иселуваат од Македонија. Дури и оние што останале имаат желба да заминат.

Додека Никола Груевски и фамилијата на власт мислеа на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата за сонце од 60 илјади долари, движечката сила на Македонија, младите луѓе, ја напуштаат државата.

Според Светска банка, 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Последната студија на Фондацијата Фридрих Еберт покажува дека 50% од младите сакаат да ја напуштат земјава а дури 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација.

Тоа значи дека секој втор млад човек сака да замине од Македонија. Невработеноста, нискиот стандард, срушениот образовен систем, се главните причини.

Високи 65% од младите во Македонија се незадоволни поради проблемите со вработувањето.

Младите не веруваат во виртуелните инвестиции и виртуелните работни места со коишто Никола Груевски, без идеи и без резултати, се обидува да ги лаже граѓаните.

Дополнително, според студијата, 80% од младите се незадоволни од реформите во образованието. Младите луѓе веќе му кажаа громогласно НЕ на Никола Груевски и лошите реформи во образовниот систем“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар