СДСМ: Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ преку кое се богатеа поединци, остави пустош во инфраструктурата и нанесе огромни штети врз буџетот и врз интересите на граѓаните.

Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и криминалните апетити на Никола Груевски ги чинат граѓаните најмалку 100 милиони евра, колку што изнесува штетата од пропустите на започнатите автопати.

За разлика од таквиот криминален и расипнички пристап, Владата предводена од СДСМ посветено работи на решавање на напластените проблеми и работи на унапредување на инфраструктурата во земјава. Доказ за тоа се и бројните потпишани договори со кои се обезбедуваат неповратни средства за развој и модернизација на инфраструктурата.

По промените на локално ниво што ќе се случат на следните избори, ќе се отовори можност преку домаќински и одговорен пристап да се подобри инфраструкрурата и на локално ниво, да се изградат локални и регионални патишта, системи за водоснабдување и канализациски мрежи, во интерес на граѓаните и нивните реални потреби“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски