СДСМ: Секој кој правел криминал ќе одговара, знае Груевски!

Од:

„Никола Груевски и неговите соработници имаат сериозен проблем затоа што се препознаваат себеси во секој за кој постои сомнеж дека е дел од какви било криминални активности.

Затоа Груевски и соработниците имаат потреба несовесно да напаѓаат за поврзаност таму каде што не постои.

Да беше убеден во тоа што го зборуваше денеска соработникот на Груевски, Дарко Костовски, немаше да поставуа прашања, со оглед дека институциите се сеуште под контрола на кадри на ВМРО-ДПМНЕ туку ќе изнесеше тврдења.

Но јасно е дека станува збор за фотографија од отворена средба со граѓани во изборна кампања, каде што секој може да присуствува.

Ја охрабруваме полицијата да го расчисти случајот до крај и секој кој работел спротивно на законот да понесе соодветна одговорност.

Ставот на СДСМ е кристално јасен, во Македонија мора да има и ќе има правда! Секој кој правел криминал и злоупотреби врз граѓаните мора да одгвоара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта