СДСМ: Секој да покаже посветеност во почитувањето на мерките, законските измени да се донесат без одлагање

Од:

„Во период кога есенскиот бран на коронавирусот е во налет, како кај нас, така и во државите од регионот и Европа, а бројот на инфицирани секојдневно расте, потребна е целосна посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата.

Граѓаните мора доследно да ги почитуваат мерките и на тој начин да го заштитат сопственото но и јавното здравје. Најдобро, наједноставно и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете“, соопштуваат од СДСМ.

„За поголема заштита и за намалување на притисокот врз здравствениот систем, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата предводена од СДСМ усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири.

За стапување на овие мерки на сила, потребни се измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Измените кои се во собраниска процедура мора да бидат донесени без одлагање затоа што се важни за заштита на јавното здравје и поголема заштита од коронавирусот.

Сите пратеници да покажат одговорност и да ги поддржат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“