СДСМ: Се стопи ли мнозинството на Мицкоски па затоа сега бара алиби преку лажни вести?

Од:

„Пратеници од опозицијата јавно преку медиуми сведочеа дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата биле собирани преку лаги и измами, што само покажува дека нема поголем измамник од Христијан Мицкоски“, соопштува СДСМ.

„Дали на Мицкоски му се стопи мнозинството, па затоа е приморан преку лажни вести од белиот дворец да бара алиби?

Притисоци уцени и закани кон граѓаните, кон пратеници се одлика на ВМРО-ДПМНЕ а последен пример за тоа беа заканите и малтретирањата на пратениците кои гласаа за уставните измени.

Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите, ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци и овој пат нема да успеат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер