СДСМ: Се спроведуваат акции за засадување нови садници

Од:

„11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето и со своите погубни криминални политики, директно придонесе кон зголемувбање на аерозагадувањето.

Спротивно од таквиот игнорантски однос кон здравјето на граѓаните и животната средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и сите институции активно и одговорно работат на решавање на долгогодишниот проблем.

Секојдневно и на локално и на централно ниво се преземаат мерки за намалување на аерозагадувањето.

Низ повеќе општини низ државата се спроведуваат акции за засадување нови садници.

Во општина Велес, на површина од 3 хектари се засадуваат 6.000 садници. АД ЕЛЕМ спроведува акција за подигање зелен појас околку РЕК Битола кадешто само есенва ќе бидта засадени 50.000 садници.

Во Скопје во тек е есенска акција за зазеленување во која е предвидено засадување на околу 3.500 нови дрва.

Во неколку училишта е започната замена на старите, нееколошки котли на нафта со нови котли за еклошко греење, што освен што ќе го намали загадувањето, ќе ги намали и трошоците за затоплување.

Гасификацијата, за која во Буџетот за 2019 година обезбедени се 40 милиони евра, набавката на нови 40 еколошки автобуси, субвенциите за набавка на хибридни и електрични автомобили и велосипеди, се само дел од мерките што ги превзема владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции за решавање на проблемот со загадувањето на долг рок.

Континуирано се субвенционираат трошоците за физички лица за набавка на еколошки печки на пелети. Владата ги зголеми предвидените средства за оваа мерка од 14 на 21 милион денари и веќе сите средства се исцрпени.

Постои уште многу работа, но Владата предводена од СДСМ останува посветена на решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето, со цел нивото на загадување да се намали за 50 отсто во големите градови и за 30 до 50 отсто во целата држава во наредните две години“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило