СДСМ: Се согласува ли Силјановска со Ковачев за неговите изјави за Гоце Делчев?

Од:

Наместо да се правдаат и напаѓаат ДПМНЕ и Силјановска нека одговорат дали Силјановска се согласува со изјавите на Ковачев за Гоце Делчев? Ковачев пред 5 години на Македонија и порача да признае дека Гоце Делчев е Бугарин и пак ќе сме се разбуделе живи и здрави. Дали се согласува со изјавата на Ковачев кој рече дека разбирал дека е тешко да се надмине децениски фалсификувана историја, исто пред 5 години, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

– Која изјава точно ја поттикнало Силјановска да се слика со Ковачев и истата да ја промовира во јавност. Дали и сега можеби Силјановска се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци? ДПМНЕ може да се правдаат, објаснуваат и напаѓаат, но не можат да ја сокријат заедничката цел со Ковачев, а тоа е Македонија да се попречи на патот до конечен влез во ЕУ. И едната и другата страна преку Ковачев прават сѐ да ја закочат европската перспектива на државата – велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски