СДСМ: Се реконструираат и санираат најважните сообраќајници

Од:

„Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов интензивно работат на реконструкција и санација на најважните и најфреквентните коловози во градот.

Од денеска започнува реконструкција на мостот „Гоце Делчев“ една од најфреквентните точки во центарот на градот.

Во моментов се одвива реконструкција на улицата „Лазар Личеновски“, каде освен реконструкција на коловозот ќе се постават нови рабници и уредување на тротоарите“, велат од СДСМ.

„По долги години се работи на санација и на западниот влез во градот. Во општина Ѓорче Петров се реконструира улицата Ѓорче Петров во должина од 1500 метри.

Реконструкција се одвива и на улицата „Московска“ во општина Карпош каде претходно беше реконструирана улицата „Љубљанска“ а се изврши и реконструкција на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улица „Лондонска“.

Во општина Чаир се реконструира улуцата „Лазо Трповски“, а претходно реконструирана беше улицата „Втора Македонска Бригада“ каде беа поставени и велосипедски патеки.

Како никогаш досега се работи на санација на неколку клучни соораќајници во главниот град.

Процесите на реконструкција се завршуваат во рекордно време за не повеќе од 20 денови, со цел сообраќајниците што побрзо да се вратат во нормална состојба, а сообраќајот да се одвива непречено.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов остануваат целосно фокусирани на унапредување и развој на инфраструктурата на градот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ