СДСМ: Се реализираат мерки против аерозагадувањето

Од:

„Владата предводена од СДСМ, надлежните институции започнаа со реализација на мерките кои имаат цел намалување на аерозагадувањето и надминување на деценискиот проблем со загадениот воздух.

Од страна на Владата, отворен е јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Северна Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат градовите и општините каде што има висока концетрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

Истовремено, од Министерството за економија, отворен е јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на сончеви колектори, алумински и ПВЦ прозорци.

Оние граѓани кои ќе постават сончеви термални колекторски системи имаат можност да аплицираат и да добијат поврат на средства до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари, додека граѓаните кои ќе постават алумински или ПВЦ прозорци ќе добијат поврат до 50 отсто од вкупната сума но не повеќе од 25.000 денари.

На овој начин ќе им се помогне на граѓаните кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикансост но и да се префрлат на еколошки начин на затоплување со што ќе влијаат врз намалување на загаудвањето. За реализација на оваа мерка обезбедени се 30 милиони денари.

Континуирано се преземаат мерки на краток, среден и долг рок кои имаат за цел надминување на деценискиот проблем со загадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски