А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Се придружуваме на светот, бараме и работиме на еднакво учество на жените во науката

by А1он11/02/2016 - 13:3799
Share0

СДСМ дава целосна поддршка и поттик на жените во Македонија за нивното вклучување во науката и еднаков пристап за учество во науката.

Добивај вести на вибер

Со оваа порака што ја реафирмираме денеска, СДСМ се приклучува кон одбележувањето на 11 февруари, што Генералното собрание на ОН го прогласи за Меѓународен ден на жените и девојките во науката.

„Во Македонија бројот на жени со научни тутитули е сеуште два пати помал од бројот на мажите.

Според податоци од Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, со научна тутула доктор на науки се стекнале 206 мажи и 106 жени. МАНУ, од 42 члена од постојаниот состав, само 4 се жени.

Според Глобалниот извештај за нееднаква родова застапеност на Светскиот економски форум, Република Македонија во однос на образованието е рангирана на 80 место од 145 земји.

Овие бројки покажуваат дека жените и девојките не се целосно вклучени во науката.

Податокот, дека Македонија е на 13 место во светот по мизерија, меѓу другото покажува и неангажираност на домашниот човечки капитал.

Науката и родовата еднаквост се меѓу целите во Програмата на СДСМ.
Работиме:

Да ги зголемиме ковотите за учетво на жените во политиката;
На имплементирање родова перспектива во креирањето на политиките на сите нивоа;
За формирање Секретаријат за родова рамноправност при Владата на РМ;
На формирање државен фонд за научно истражување и развој;
На воведување мерки за унапредување на научно истражувачката работа, пред се преку финансирање на национални научно-истражувачки проекти;
На зголемување на процентот на средствата во Буџетот наменети за научни истражувања. Оваа ставка во Буџетот на Македонија за 2016 година е 0,06%, што е далеку под европскиот просек.

Денеска, 11 февруари 2016 година е првото одбележување на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката овој ден.

СДСМ им се заблагодарува на сите жени, кои досега макотрпно работеле и работат да бидат или се дел од научната заедница на Република Македонија“, велат од партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 12:4027/12/2025 - 16:16

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:4727/12/2025 - 11:12

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

Горан Наумовски24/12/2025 - 12:15

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:0824/12/2025 - 11:43

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:42

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски24/12/2025 - 08:4524/12/2025 - 09:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен