СДСМ: Се преземаат морални чекори, непотизмот е одлика на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Се преземаат морални чекори, непотизмот е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, дали Мицкоски ќе даде отказ затоа што стана асистент кај неговиот татко? ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација и злоупотреба на државните институции, симбол за богатење преку непотизам и судир на интереси во јавните и државни прептријатија, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ.

Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, а истрага отвори и новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција.

Во меѓувреме, веќе се преземаа морални чекори и повлекување од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски.

Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.

Дали Христијан Мицкоски ќе си поднесе отказ поради тоа што од толку многу професори тој бил асистент токму кај неговиот татко?

Дали ќе дадат отказ и оние 625 лица во РЕК Битола вработени во 2012 година, сите преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ?

Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно расипничко владеење“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија