СДСМ: Се потврди очајната лага на ВМРО-ДПМНЕ, нема никаква бугаризација

Од:

„Деновиве се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, асимилација и бугаризација на Македонците немаат никаква врска со реалноста, тоа е очајнички обид на Христијан Мицкоски за заплашување на граѓаните. По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија“, соопшти СДСМ.

„Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја подржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти.

Лагите и лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат крај“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените