СДСМ: Се потврди изолацијата во која се наоѓа антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ, пионот Мицкоски и носителот на криминалот Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски секојдневно го потврдува она што на граѓаните одамна им беше јасно: дека тој не е ништо повеќе од антимакедонски и антизападен пион во рацете на носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски.

Мицкоски, Груевски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тонат во изолација која се потврдува на дело.

На синоќешниот настан организиран од антизападниот Мицкоски не присуствуваше ниту еден претставник на дипломатскиот кор.

Високи претставници од демократскиот свет кои доаѓаат во посета на земјава го заобиколуваат Мицкоски.

Антимакедонскиот носител на криминалот и режимот, Груевски, заедно со неговиот антизападен пион Мицкоски се поразени од граѓаните, поразени од мнозинството пратеници во Собранието, од сопствената партија.

Македонија ги порази погубните политики на Микцоски и Груевски и се обедини околу стратешките интереси и иднина во ЕУ и НАТО.

Македонија и нејзините граѓани тргнааа кон иднина и интеграција во ЕУ и НАТО, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, останува заглавено во изолација“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски