А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Сè потешко се живее, сè потешко се пазари, а граѓаните се посиромашни

by А1он15/12/2024 - 10:01195
Share0

Новогодишната кошничка е класична манипулација на власта која ги потценува граѓаните и го прикрива вистинскиот проблем за кој нема решение а тоа е покачувањето на цените на производите. Владата на Мицкоски намерно остави простор и време па трговците веќе ги зголемија цените пред примена на мерката, велат од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Сега нема вистински да се намалат цените туку трговците само ќе ги вратат на нивото на коешто беа и тоа реално не значи намалување и не носи никаков бенефит за граѓаните. Станува збор за договорени цени за кои владата сама кажува дека нема да има казни доколку некој од трговците не ги почитува. Што значи оставен е простор тие сами да ги одредуваат цените врз грбот на народот. Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, а трошоците за живот според последните податоци на Државниот завод за статистика бележат раст од 3,5%. Сè потешко се живее, сè потешко се пазари а граѓаните се посиромашни. Додека цените растат, стандардот на граѓаните опаѓа, а Владата наместо да преземе одговорност и вистински да се справи со кризата, се занимава со манипулации и ги штити трговците наместо граѓаните. СДСМ бара итни и системски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, меѓу кои и укинување на ДДВ на храна со што вистински ќе се намалат цените на долг рок и зголемување на минималната плата. Преку намалување на ДДВ и ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно. Владата мора да престане со манипулации и конечно да застане на страната на граѓаните! СДСМ ќе продолжи да се бори за заштита на стандардот на граѓаните – тврдат од партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

Горан Наумовски24/07/2026 - 13:43

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Горан Наумовски24/07/2026 - 09:11

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:56

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

Горан Наумовски22/07/2026 - 15:44

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

Горан Наумовски19/07/2026 - 20:44

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

Горан Наумовски19/07/2026 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео