СДСМ: Се поклонуваме пред борците за слободна Македонија

Од:

Во чест на 8 септември, Денот на независноста на Р.Македонија, делегација на СДСМ во состав Љупчо Николовски, член на ИО, Аднан Џаферовски, член на ИО и Рената Јајоска, член на ИО на СДММ оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на жените во НОБ во паркот Жена Борец.

„За нас ова е ден кога мора да им оддадеме почит и признание на сите оние кои се заслужни за слободата и независноста на нашата татковина, Република Македонија, особено на оние кои ги дале своите животи за слободата. Нивното херојство е патоказ кон посветла иднина, а нивните жртви се потсетник колку скапо чини слободата и обврска за секој од нас да ја брани и да ја живее таа слобода.

СДСМ секогаш ќе се заложува за државно единство кога е во прашање одбележувањето на светлите и значајни датуми од историјата на Македонија, но никогаш нема да биде соучесник во бришењето на најзначајните делови од историјата“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот