СДСМ: Се појави уште еден Субрата на Груевски во Свети Николе

Од:

„Нов Субрата Рој им се случува на граѓаните на Р.Македонија од матните зделки на Никола Груевски.

Втор пат граѓаните на Свети Николе се излажани од Груевски за наводни инвестиции за коишто како инвеститори се појавуваат лица со сомнително криминално минато.

Првоосомничен на организирана криминална група, кој направил даночна измама од околу 10 милиони евра во својата земја е холандскиот инвеститор на Груевски кој требаше да отвори фабрика за печурки во Македонија.

Ова го пренесуваат медиуми за холандскиот инвеститор кој требаше да донесе наводна инвестиција од 25 милиони евра и да отвори 450 работни места во Свети Николе.

Разбирливо е Груевски што договарал виртуелна инвестиција со шеф на криминална група, бидејќи и самиот тој е шеф на уште поголема криминална група во Македонија, којашто набргу ќе се соочи со правдата и ќе одговара за сите злодела што им ги направила на граѓаните на Р.Македонија изминативе 10 години.

Зошто Груевски пред две години кога удираше темели и сечеше ленти во Свети Николе на непостоечка фабрика за печурки, не им кажа на граѓаните дека на холандскиот инвеститор на кого му запленуваат фабрика, зграда, приватен авион во неговата земја, се соочува со обвинение?

Напротив Груевски одлучи да го ослободи контроверзниот инвестититор според пишувањата, од сите комунални давачки, повторно на штета на граѓаните како во случајот со Субрата Рој.

Криминалните шеми на Груевски со виртуелните странски инвестиции се разоткриваат.

Граѓаните знаат дека токму Груевски и неговиот кум Ставрески ги излажаа за илјадниците виртуелни работни места на Субрата Рој, коишто никогаш не се случија.

Двете илјади крави на Субрата Рој никогаш не се појавија на земјата којашто им беше одземена на луѓето за да му биде подарена на Субрата Рој, кој сега во моментов е во затвор за измами и финансиски малверзации.

Се разоткрива и криминалното друштво на Груевски.

Завршува времето на криминалните шеми на Груевски!

Новата одговорна Влада што ќе добие чест да ја предводи СДСМ ќе обезбеди реални странски инвестиции и пред се силни домашни претпријатија што ќе ги поддржи државата, коишто ќе отворат реални и добро платени работни места за граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините

СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Горан Наумовски

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Предраг Петровиќ

СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини