СДСМ: Се организира прикривање на одговорните во Кочани

Од:

За најголемата несреќа во поновата историја на нашата држава, на семејствата, жртвите, на граѓаните, државата им ја должи целосната вистина, им должи правда и одговорност на виновниците. Од прв до последен, велат од СДСМ.

„Но, наместо истрага која ќе ги опфати сите актуелни функционери и полициски службеници, наместо правда – гледаме селективност и заштита на виновниците. Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Од што се плаши власта, од што се плаши премиерот Христијан Мицкоски?

Дали главната причина е дека одговорноста води директно до врвот на власта? Како е можно да нема одговорност кај полициските службеници кои на денот на пожарот биле на позиции и биле задолжени за безбедноста и одговорни за постапувањето на полицијата? Како е можно надлежните да не одговараат за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 деца го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?

Дали ВМРО-ДПМНЕ е над сите закони во земјава? Тоа што се партиски членови и блиски до ВМРО-ДПМНЕ или тоа што се блиски до Мицкоски и Тошковски е причината? СДСМ нема да дозволи трагедијата во Кочани да биде заташкана. Ќе се бориме сè додека не бидат изведени пред лицето на правдата сите одговорни. За загинатите деца, за нивните семејства и за иднината на оваа држава – мора да има правда за Кочани, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски