СДСМ: Се обединуваме со граѓаните и сите демократски и прогресивни групи

Од:

Само со обединување со граѓаните, со сите демократски и прогресивни групи и поединци, може да продолжи развојот и напредокот на општините. Овие избори се од исклучителна важност, бидејќи нивниот исход ја одредува иднината, ќе одреди дали општините и државата ќе продолжат напред кон развојот, или ќе се вратат назад во изолација и режим порачуваат преку соопштение од СДСМ.

– Владата покажа дека може да води напред само ако и општините туркаат напред.Како одговорна и домаќинска партија покажавме дека економскиот раст е можен ако и општините инвестираат во реални капитални проекти, наместо во барокни фасади, жални врби и споменици. Власта предводена од СДСМ може да се грижи за потребите на секој еден граѓанин ако тоа го прават и општините, а не да крадат пари од општинскиот буџет за училишен превоз како што тоа беше случај во Битола.СДСМ постојано покажува и докажува дека работи единствено со и за граѓаните, бидејќи знаеме дека без граѓаните ниту една партија не е ништо и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со граѓаните и исклучиво во нивен интерес, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски