СДСМ: Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ дури и барањето за предвремени избори е класичен блеф

Од:

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ дури и барањето за предвремени избори е класичен блеф, фарса. Кога и да има избори победник е СДСМ и напредната, прoгресивна опција што ја предводи. Тоа го потврдуваат и анкетите, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Освен одбрана на криминалците и обнова на криминалниот режим ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ништо друго не ги интересира.

Тие и нивното деструктино однесување се најголемата штета за државата и нејзината иднина.

Единствен криминален октопод е октоподот во белиот дворец контролиран од Будимпешта и криминалецот во бегство Никола Груевски.

ВМРО – ДПМНЕ партијата на штанцање лажни вести, невистини и креирани сценарија продолжува во нивни добро познат стил.

Иако, Христијан Мицкоски претходно го условуваше одржувањето на лидерската средба токму со темата за предвремни избори, на лидерската тој воопшто не го спомна прашањето за предвремени избори не беа ни спомнати.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи домаќински и одговорно исклучиво во интерес на граѓаните. Еден од клучните столбови на програмата За живот во Македонија, Парите кај граѓаните е целосно исполнет на повеќе од две години од крајот на мандатот.

СДСМ и Владата која ја предводи, посветено работи на зајакнување на капацитетите на правната држава, со новиот Закон за ЈО градиме независен и неселективен судски систем и обезбедуваме правда за сите.

Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски