СДСМ: Се ближи денот кога Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат вистинскиот отчет од граѓаните

Од:

„Криминалната банда што ги крадела парите и гласот на граѓаните, предводена од Никола Груевски, најмалку може да говори за т.н. почитување на граѓаните и грижа за нив.

Вистината е дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за граѓаните и нивните потреби.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат исклучиво за своите бизнис интереси и тендер политики.

Благодарение на Никола Груевски, во Македонија од ден на ден се живее потешко, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Поради криминалите на Груевски и фамилијата задолжени се сите граѓани, нашите деца и внуци.

Поради криминалите на Груевски и фамилијата, 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, додека 180.000 живеат со по 40 денари на ден.

50.000 работнички и работници во текстилна и кожарска индустрија ги оставија без минималната загарантирана плата со што создадоа нееднаквост меѓу работниците во Македонија.

626.312 луѓе се иселија од државата, пред се млади, образовани граѓани, поради невработеност.

Криминалните политики на Груевски им ги стопија годишните усогласувања на пензиите на пензионерите, давајќи им лажни покачувања на пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ со лажните политки за поттикнување на вработување секојдневно ги празнат фондот на ПИОМ и Фондот за здравствено осигурување. Според извештајот на Светска банка за 5 години Мекдонија ќе има проблем со исплата на пензии.

Вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени.

По промените, СДСМ ќе ја преземе одговорноста, дадена од поддршката на граѓаните, и со новата програма ќе ја направи Македонија подобро и посигурно место за живеење“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници