СДСМ: Само Мицкоски и Чак Норис можат за два дена власт да донесат нова инвестиција

Од:

Тажно е да се гледа како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаат да покажат резултат и не бираат средства за да ги насамарат граѓаните. Но, потценување на интелигенцијата е дека само за два дена Мицкоски поканил, привлекол и договорил било кој нов инвеститор. Ова веројатно го можат само Мицкоски и Чак Норис. Таков последен пример е инвестицијата на компанијата EPSOTECH, која Мицкоски ја објави како свое големо достигнување. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи инвестициите донесени од СДСМ да се реализираат, бидејќи тоа е добро за државата и граѓаните. Но, сметаме дека е политички простотилук да се тврди дека Владата на СДСМ ништо не работела, а во исто време Мицкоски да не признае дека се фали со наши проекти, се вели во соопштението на СДСМ.

„Јавноста треба да знае дека во моментов има шест нови инвестиции кои се со завршени договори и спремни за работа. Единствена причина заради која не ги објави СДСМ е да не го наруши изборниот процес. За овие инвестиции се завршени сите процедури и го чекаат последниот филтер во Комисија за заштита на конкурентноста. Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ наместо да продава магла и пропаганда, да се фати за работа и да реализира барем нешто свое. Срамно и смешно е два дена по преземањето на власта да промовира инвестиции како свои во услови кога уште немаат ни седнато на фотељите“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски